јасен

Придавка

Значење на јасен:

1. Сјаен, светол. Јасно сонце. Јасна месечина. Јасен божилак.

2. Чист, ведар. Јасно небо. Јасно време.

3. (прен.) Разбирлив, точно определен, прецизен. Јасна мисла. Работата е сосема јасна. Тој постави јасни граници. Јасна цел.

Членувана форма: јасниот.

Алтернативно: најјасен

Изведени зборови:

  • јасно, прил. најјасно 1. Кон зн. 1. Сонцето јасно светна. 2. Кон зн. 3. Ништо не ми е јасно. ◊ Јасно и гласно ‒ сосема разбирливо.
  • јасност, и. ж. Неговиот стил се карактеризира со едноставност и јасност.

Оригинални податоци:

јасен, јасниот, најјасен прид. 1. Сјаен, светол. Јасно сонце. Јасна месечина. Јасен божилак. 2. Чист, ведар. Јасно небо. Јасно време. 3. (прен.) Разбирлив, точно определен, прецизен. Јасна мисла. Работата е сосема јасна. Тој постави јасни граници. Јасна цел. ‖ јасно, најјасно прил. 1. Кон зн. 1. Сонцето јасно светна. 2. Кон зн. 3. Ништо не ми е јасно. ◊ Јасно и гласно ‒ сосема разбирливо. ‖ јасност ж. Неговиот стил се карактеризира со едноставност и јасност.