јасник

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на јасник:

1. Време во зима кога не паѓа снег, небото е јасно, а температурата на воздухот е многу ниска; сув студ. Беше јасник и немаше никого по улиците. Ме изеде јасник.

2. Студен ветер, што ги гони облаците и носи студено време.

Изведени зборови:

  • јасников, прид. јасниковиот (поет.) Што се однесува на јасник. Полноќ јасникова. Јасникова ноќ.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го јаде јасникот ‒ чувствува морници поради некоја непријатност. Го изеде јасникот ‒ го снема, го погубија.

Оригинални податоци:

јасник, (само едн.) м. 1. Време во зима кога не паѓа снег, небото е јасно, а температурата на воздухот е многу ниска; сув студ. Беше јасник и немаше никого по улиците. Ме изеде јасник. 2. Студен ветер, што ги гони облаците и носи студено време. ◊ Го јаде јасникот ‒ чувствува морници поради некоја непријатност. Го изеде јасникот ‒ го снема, го погубија. ‖ јасников, јасниковиот прид. (поет.) Што се однесува на јасник. Полноќ јасникова. Јасникова ноќ.