јатрва
Значење на јатрва:
1. Сопруга на еден брат во меѓусебниот однос со сопруга на другиот брат (или со сопругите на другите браќа). Двете другарки станаа јатрви, се омажија за двајца браќа.
2. (само мн., бот.) Декоративно зелјесто растение со цветови поставени грб со грб; Amaryllis.
Множина: јатрви.
Изведени зборови:
- јатрвка, и. ж. хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се караат како јатрви ‒ не се во пријателски односи.
Оригинални податоци:
јатрва, мн. јатрви ж. 1. Сопруга на еден брат во меѓусебниот однос со сопруга на другиот брат (или со сопругите на другите браќа). Двете другарки станаа јатрви, се омажија за двајца браќа. 2. (само мн., бот.) Декоративно зелјесто растение со цветови поставени грб со грб; Amaryllis. ◊ Се караат како јатрви ‒ не се во пријателски односи. ‖ јатрвка, мн. јатрвки ж. хип.