јава
Значење на јава:
1. Се движи качен на животно (коњ, магаре и сл.) Продолжија да јаваат понатаму. Јаваа на арапски коњи. Само тој може да го јава овој коњ.
2. (разг.) Угнетува, искористува, држи некого во потчинета положба. Не давам да ме јаваат. Него сите го јаваат.
Коњугација: јаваат.
Изведени зборови:
- јавање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Магаре јавај ‒ магаре барај ‒ не гледа нешто што е очигледно; бара нешто што е кај него.
Оригинални податоци:
јава, јаваат несв. 1. Се движи качен на животно (коњ, магаре и сл.) Продолжија да јаваат понатаму. Јаваа на арапски коњи. Само тој може да го јава овој коњ. 2. (разг.) Угнетува, искористува, држи некого во потчинета положба. Не давам да ме јаваат. Него сите го јаваат. ‖ глаг. им. јавање ср. ◊ Магаре јавај ‒ магаре барај ‒ не гледа нешто што е очигледно; бара нешто што е кај него.