јавен
Значење на јавен:
1. Што не е таен; отворен за сите што се заинтересирани; таен. Јавна расправа. Јавна дискусија. Јавен конкурс.
2. Што се однесува, што ѝ припаѓа на целата општествена заедница; општонароден. Јавен објект. Јавен ред и мир. Јавна безбедност. Јавен работник. Јавна сопственост.
Членувана форма: јавниот.
Изведени зборови:
- јавно, прил. Јавно му се извини. Тој јавно го кажа тоа.
Фразеолошки израз / поговорка:
Јавна куќа ‒ објект во кој легално работат проститутки; бордел. Јавна тајна ‒ нешто што сите го знаат, но никој не зборува за тоа отворено. Јавно претпријатие ‒ претпријатие што врши дејност од јавен интерес (железница, воздушен сообраќај, медиуми и сл.) Јавно мислење ‒ став на јавноста, на заедницата.
Оригинални податоци:
јавен, јавниот прид. 1. Што не е таен; отворен за сите што се заинтересирани; спрот. таен. Јавна расправа. Јавна дискусија. Јавен конкурс. 2. Што се однесува, што ѝ припаѓа на целата општествена заедница; општонароден. Јавен објект. Јавен ред и мир. Јавна безбедност. Јавен работник. Јавна сопственост. ◊ Јавна куќа ‒ објект во кој легално работат проститутки; бордел. Јавна тајна ‒ нешто што сите го знаат, но никој не зборува за тоа отворено. Јавно претпријатие ‒ претпријатие што врши дејност од јавен интерес (железница, воздушен сообраќај, медиуми и сл.) Јавно мислење ‒ став на јавноста, на заедницата. ‖ јавно прил. Јавно му се извини. Тој јавно го кажа тоа.