јави

Глагол, свршен

Значење на јави:

1. Соопшти, извести, објави вест. Утрово ми јавија за тоа. Медиумите јавија за инцидентот.

2. Пријави некого или нешто. Селаните јавиле во полиција дека го виделе човекот од потерницата.

Коњугација: јават.

Изведени зборови:

  • јавување, глаг. им. ср. јавување, PLUR_јавувања Уште во текот на емисијата имаше голем број телефонски јавувања.
  • се ~ јави, 1. Се појави. Се јавила болест кај домашните животни. Му се јавија бели влакна во косата. 2. Се огласи, се слушне. Низ селото се јавија пукотници. Таа се јави од другата соба. 3. Се пријави. Се јавив на конкурсот. Тој се јави за задачата. 4. Излезе, се покаже. Не се јавувај пред мене. Се јавија кокичиња од под снегот. 5. Претставува, е. Џинот ќе се јави како еден од првите македонски стихотворци.
  • (се) јавува, глаг. несв. (се) јавуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Жив го нема да се јави ‒ воопшто не се јавил.

Оригинални податоци:

јави, јават св. 1. Соопшти, извести, објави вест. Утрово ми јавија за тоа. Медиумите јавија за инцидентот. 2. Пријави некого или нешто. Селаните јавиле во полиција дека го виделе човекот од потерницата. ● се ~ 1. Се појави. Се јавила болест кај домашните животни. Му се јавија бели влакна во косата. 2. Се огласи, се слушне. Низ селото се јавија пукотници. Таа се јави од другата соба. 3. Се пријави. Се јавив на конкурсот. Тој се јави за задачата. 4. Излезе, се покаже. Не се јавувај пред мене. Се јавија кокичиња од под снегот. 5. Претставува, е. Џинот ќе се јави како еден од првите македонски стихотворци. ◊ Жив го нема да се јави ‒ воопшто не се јавил. ‖ (се) јавува, (се) јавуваат несв. ‖ глаг. им. јавување, мн. јавувања ср. Уште во текот на емисијата имаше голем број телефонски јавувања.