јавка
Архаизам.
Значење на јавка:
1. (воен.) Договорен таен збор или реченица што се употребува во стражарската служба или во конспиративни активности, лозинка, знак за препознавање. Не јавувај се на ништо освен на јавката. Ја пренесе јавката.
2. Тој што поврзува илегалци, лице за таен контакт. Поминаа долг пат за да стигнат до јавката.
Множина: јавки.
Оригинални податоци:
јавка, мн. јавки ж. (арх.) 1. (воен.) Договорен таен збор или реченица што се употребува во стражарската служба или во конспиративни активности, лозинка, знак за препознавање. Не јавувај се на ништо освен на јавката. Ја пренесе јавката. 2. Тој што поврзува илегалци, лице за таен контакт. Поминаа долг пат за да стигнат до јавката.