јавне

Глагол, свршен

Значење на јавне:

1. Се качи, седне на грбот на животно. Го јавна магарето. Доаѓаше јавнат на коњ.

2. (прен.) Се качи, седне, застане на нешто друго. Уште не го јавнал тронот. Го јавна моторот. Ќе го јавнам возот и доаѓам.

3. (прен.) Притисне, предизвика мака. Ме јавнала треска. Го јавнале лоши соништа.

4. (прен.) Потчини некого. Меки бевме, затоа нè јавнаа.

Коњугација: јавнаа , јавнав , јавнал , јавнат , јавнат , јавнете , јавни , (ќе) јавнеа , (ќе) јавнев , (ќе) јавнел.

Изведени зборови:

  • јавнува, глаг. повт. јавнуваат
  • јавнување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

А јавни а бодни ‒ за некој што е многу нестрплив, што непотребно избрзува.

Оригинални податоци:

јавне, јавнат; јавни, јавнете; јавнав, јавнаа; јавнал; јавнат; (ќе) јавнев, (ќе) јавнеа; (ќе) јавнел св. 1. Се качи, седне на грбот на животно. Го јавна магарето. Доаѓаше јавнат на коњ. 2. (прен.) Се качи, седне, застане на нешто друго. Уште не го јавнал тронот. Го јавна моторот. Ќе го јавнам возот и доаѓам. 3. (прен.) Притисне, предизвика мака. Ме јавнала треска. Го јавнале лоши соништа. 4. (прен.) Потчини некого. Меки бевме, затоа нè јавнаа. ◊ А јавни а бодни ‒ за некој што е многу нестрплив, што непотребно избрзува. ‖ јавнува, јавнуваат повт. ‖ глаг. им. јавнување ср.