јаз
Значење на јаз:
1. Бразда, жлеб, доводен или одводен канал за вода. Ја крадеа водата кришум едни од други со длабоки јазови.
2. (прен.) Препрека, нешто што ја попречува комуникацијата меѓу две страни. Инцидентот го продлабочи јазот меѓу двете страни. Меѓу нив се создаде непремостлив јаз.
Множина: јазови.
Оригинални податоци:
јаз, мн. јазови м. 1. Бразда, жлеб, доводен или одводен канал за вода. Ја крадеа водата кришум едни од други со длабоки јазови. 2. (прен.) Препрека, нешто што ја попречува комуникацијата меѓу две страни. Инцидентот го продлабочи јазот меѓу двете страни. Меѓу нив се создаде непремостлив јаз.