јаже

Именка, среден род

Значење на јаже:

Производ од усукани или плетени влакна од коноп или од друг материјал што може да се усукува, со голема должина, со различна дебелина, релативно еластичен. Скока на јаже. Скала од јажиња. Фабрика за јажиња. Бродски јажиња.

Множина: јажиња.

Изведени зборови:

  • јаженце, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Во куќата на обесениот не се зборува за јажиња ‒ треба да се внимава што се зборува. Му го затега јажето ‒ 1. Му ја ограничува слободата. 2. Остава некого без избор. Игра на јаже ‒ 1. Се наоѓа во опасна ситуација. 2. Ризикува. Оди како пес на јаже ‒ слепо следи некого. Си го става јажето на врат ‒ се изложува себеси на ризик. Ќе виси на јаже ‒ ќе го обесат.

Оригинални податоци:

јаже, мн. јажиња ср. Производ од усукани или плетени влакна од коноп или од друг материјал што може да се усукува, со голема должина, со различна дебелина, релативно еластичен. Скока на јаже. Скала од јажиња. Фабрика за јажиња. Бродски јажиња. ◊ Во куќата на обесениот не се зборува за јажиња ‒ треба да се внимава што се зборува. Му го затега јажето ‒ 1. Му ја ограничува слободата. 2. Остава некого без избор. Игра на јаже ‒ 1. Се наоѓа во опасна ситуација. 2. Ризикува. Оди како пес на јаже ‒ слепо следи некого. Си го става јажето на врат ‒ се изложува себеси на ризик. Ќе виси на јаже ‒ ќе го обесат. ‖ јаженце, мн. јаженца ср. дем.