јазик 1

Именка, машки род

Значење на јазик:

1. (анат.) Подвижен мускулест орган во усната празнина кај човекот и кај животните, орган за вкусот што го помага земањето храна, а кај човекот учествува и во образувањето на гласовите во говорот. Го плази јазикот. Се оближуваше со јазикот. Си го изгоре јазикот со млекото.

2. Јадење од овој орган од некои животни. Говедски јазик во сос.

3. (прен.) Издолжен дел од нешто што има форма на јазик. Пламени јазици. Јазик на чевли.

Множина: јазици.

Изведени зборови:

  • јазиче, и. ср. дем. кон значење 1. и 3. Јазиче на квака. Јазиче на ѕвонче.
  • јазичен, прид. јазичниот, Јазична коска.
  • јазичиште, и. ср. пејор.

Фразеолошки израз / поговорка:

Брз е на јазик ‒ многу зборува. Го валка со јазик ‒ зборува лошо за некого. Го влече за јазик ‒ го предизвикува да каже нешто што не сака. Го голтна јазикот ‒ не кажа ништо. Го исплази јазикот ‒ се измори. Го јаде/чеша јазикот ‒ тешко се воздржува да не каже нешто. Го одврза/разврза јазикот ‒ почна да зборува. Го пуштил јазикот пред умот. Јазикот му е побрз од умот ‒ не мисли многу што ќе каже. Гризни си го јазикот ‒ 1. За да не се случи тоа што го кажал. 2. Замолчи. Зборува што ќе му дојде на јазик ‒ зборува глупости. Зли јазици ‒ луѓе што шират клевети и интриги; сплеткари, озборувачи. Има дебел јазик ‒ не зборува многу. Има долг јазик ‒ многу зборува. Има остар јазик ‒ зборува остро и отворено, без заобиколување. Има поган јазик. Има расипан јазик ‒ зајадлив е, лошо зборува за другите. Јазикот е без коски ‒ лесно е да се каже лага. Јазикот коски нема, ама коски крши ‒ навредата може да боли повеќе од физичката повреда. Јазикот му е расцепен ‒ лош е како змија, зајадливо зборува. Јазикот му се врза/му се фати. ‒ 1. Остана без зборови. 2. Се сплетка, се збуни. Мачка му го изела јазикот ‒ ништо не зборува. Му се испушти од јазик ‒ кажа нешто што не требаше. Му се исуши јазикот ‒ жеден е. Му се плетка јазикот ‒ не зборува јасно, се збунува. На (врв на) јазик му е ‒ се мачи да се сети на нешто. Нема влакна на јазикот ‒ отворено зборува, не заобиколува. Не му е кус јазикот ‒ може сам да зборува, нема потреба друг да зборува во негово име. Од јазикот си пати - многу зборува, а потоа се соочува со последиците. Под јазик ќе го скрие ‒ ќе скрие нешто на најскришно место. Се гризна за јазик ‒ 1. Кажа нешто и се покаја. 2. Ништо не кажа. Се испоти под јазикот ‒ (ирон.) за некој што се жали дека се изморил, а всушност ништо не работел. Си го чеша јазикот / си ги чешаат јазиците ‒ зборува глупости; озборува /озборуваат. Скуси си го јазикот ‒ замолчи. Со половина јазик ‒ полугласно, тивко зборува. Тврд е на јазик ‒ не зборува многу. Ќе му го скине јазикот ‒ закана за некој што зборува повеќе отколку што треба. Уста има ‒ јазик нема ‒ покорен е, не приговара за ништо. Да му се исуши јазикот ‒ клетва.

Оригинални податоци:

јазик1, мн. јазици м. 1. (анат.) Подвижен мускулест орган во усната празнина кај човекот и кај животните, орган за вкусот што го помага земањето храна, а кај човекот учествува и во образувањето на гласовите во говорот. Го плази јазикот. Се оближуваше со јазикот. Си го изгоре јазикот со млекото. 2. Јадење од овој орган од некои животни. Говедски јазик во сос. 3. (прен.) Издолжен дел од нешто што има форма на јазик. Пламени јазици. Јазик на чевли. ◊ Брз е на јазик ‒ многу зборува. Го валка со јазик ‒ зборува лошо за некого. Го влече за јазик ‒ го предизвикува да каже нешто што не сака. Го голтна јазикот ‒ не кажа ништо. Го исплази јазикот ‒ се измори. Го јаде/чеша јазикот ‒ тешко се воздржува да не каже нешто. Го одврза/разврза јазикот ‒ почна да зборува. Го пуштил јазикот пред умот. Јазикот му е побрз од умот ‒ не мисли многу што ќе каже. Гризни си го јазикот ‒ 1. За да не се случи тоа што го кажал. 2. Замолчи. Зборува што ќе му дојде на јазик ‒ зборува глупости. Зли јазици ‒ луѓе што шират клевети и интриги; сплеткари, озборувачи. Има дебел јазик ‒ не зборува многу. Има долг јазик ‒ многу зборува. Има остар јазик ‒ зборува остро и отворено, без заобиколување. Има поган јазик. Има расипан јазик ‒ зајадлив е, лошо зборува за другите. Јазикот е без коски ‒ лесно е да се каже лага. Јазикот коски нема, ама коски крши ‒ навредата може да боли повеќе од физичката повреда. Јазикот му е расцепен ‒ лош е како змија, зајадливо зборува. Јазикот му се врза/му се фати. ‒ 1. Остана без зборови. 2. Се сплетка, се збуни. Мачка му го изела јазикот ‒ ништо не зборува. Му се испушти од јазик ‒ кажа нешто што не требаше. Му се исуши јазикот ‒ жеден е. Му се плетка јазикот ‒ не зборува јасно, се збунува. На (врв на) јазик му е ‒ се мачи да се сети на нешто. Нема влакна на јазикот ‒ отворено зборува, не заобиколува. Не му е кус јазикот ‒ може сам да зборува, нема потреба друг да зборува во негово име. Од јазикот си пати - многу зборува, а потоа се соочува со последиците. Под јазик ќе го скрие ‒ ќе скрие нешто на најскришно место. Се гризна за јазик ‒ 1. Кажа нешто и се покаја. 2. Ништо не кажа. Се испоти под јазикот ‒ (ирон.) за некој што се жали дека се изморил, а всушност ништо не работел. Си го чеша јазикот / си ги чешаат јазиците ‒ зборува глупости; озборува /озборуваат. Скуси си го јазикот ‒ замолчи. Со половина јазик ‒ полугласно, тивко зборува. Тврд е на јазик ‒ не зборува многу. Ќе му го скине јазикот ‒ закана за некој што зборува повеќе отколку што треба. Уста има ‒ јазик нема ‒ покорен е, не приговара за ништо. Да му се исуши јазикот ‒ клетва. ‖ јазиче, мн. јазичиња ср. дем. кон значење 1. и 3. Јазиче на квака. Јазиче на ѕвонче. ‖ јазичиште, мн. јазичишта ср. пејор. ‖ јазичен, јазичниот, прид. Јазична коска.