јазик 2

Именка, машки род

Значење на јазик:

1. (лингв.) Систем од гласовни, речнички и граматички средства и правила што им служи на луѓето за изразување на своите мисли и чувства во меѓусебното општење.

2. (лингв.) Секој таков систем, изделен од другите, како средство за општење на определена општествена заедница. Македонски јазик. Англиски јазик. Латински јазик. Зборува неколку јазици.

3. (лингв.) Севкупност од изразни средства и карактеристики на определена општествена група, професија, во определена епоха, литературен вид, во творештвото на определен писател и сл. Разговорен јазик. Новинарски јазик. Јазикот на младите. Јазикот на Мисирков. Поетски јазик.

4. (лингв.) Начин на изразување и однос во изборот на изразните средства. Тежок јазик. Прост јазик.

5. Систем од договорени знаци (звуци, сигнали, гестови итн.) што пренесуваат информација. Зборува со јазикот на алхемичарите. Јазикот на животните. Јазикот на немите.

6. (прен.) Заробеник што е фатен жив за да се извлечат од него информации. Му требаше јазик за да дознае што се случува во градот.

Множина: јазици.

Изведени зборови:

  • јазичен, прид. јазичниот, Јазично прашање. Јазични особености.

Фразеолошки израз / поговорка:

Природен јазик ‒ јазик на кој зборуваат луѓето и што е основа на сеопштата мисловна дејност на човекот. Вештачки јазик ‒ специјално конструиран систем од зборови и други јазични обележја, земени од различни јазици, што служи за меѓународна комуникација (есперанто и др.) Жив јазик ‒ 1. Јазик што се зборува активно; спрот. мртов јазик. 2. Заробеник; в. 6. Мртов јазик ‒ неактивен јазик (старословенскиот, латинскиот и др.). Мајчин јазик ‒ свој јазик наспрема туѓ, странски. Таен јазик ‒ говор на ограничена социјална или професионална група, неразбирлив за пошироката јазична средина; арго. Јазик на ѕидарите. Зборуваат на различни јазици ‒ не се разбираат. Има / најде заеднички јазик со некого ‒ најде начин да се разбере, да постигне согласност со некого. Програмски јазик ‒ систем од знаци за компјутерско програмирање.

Оригинални податоци:

јазик2, мн. јазици м. 1. (лингв.) Систем од гласовни, речнички и граматички средства и правила што им служи на луѓето за изразување на своите мисли и чувства во меѓусебното општење. 2. (лингв.) Секој таков систем, изделен од другите, како средство за општење на определена општествена заедница. Македонски јазик. Англиски јазик. Латински јазик. Зборува неколку јазици. 3. (лингв.) Севкупност од изразни средства и карактеристики на определена општествена група, професија, во определена епоха, литературен вид, во творештвото на определен писател и сл. Разговорен јазик. Новинарски јазик. Јазикот на младите. Јазикот на Мисирков. Поетски јазик. 4. (лингв.) Начин на изразување и однос во изборот на изразните средства. Тежок јазик. Прост јазик. 5. Систем од договорени знаци (звуци, сигнали, гестови итн.) што пренесуваат информација. Зборува со јазикот на алхемичарите. Јазикот на животните. Јазикот на немите. 6. (прен.) Заробеник што е фатен жив за да се извлечат од него информации. Му требаше јазик за да дознае што се случува во градот. ◊ Природен јазик ‒ јазик на кој зборуваат луѓето и што е основа на сеопштата мисловна дејност на човекот. Вештачки јазик ‒ специјално конструиран систем од зборови и други јазични обележја, земени од различни јазици, што служи за меѓународна комуникација (есперанто и др.) Жив јазик ‒ 1. Јазик што се зборува активно; спрот. мртов јазик. 2. Заробеник; в. 6. Мртов јазик ‒ неактивен јазик (старословенскиот, латинскиот и др.). Мајчин јазик ‒ свој јазик наспрема туѓ, странски. Таен јазик ‒ говор на ограничена социјална или професионална група, неразбирлив за пошироката јазична средина; арго. Јазик на ѕидарите. Зборуваат на различни јазици ‒ не се разбираат. Има / најде заеднички јазик со некого ‒ најде начин да се разбере, да постигне согласност со некого. Програмски јазик ‒ систем од знаци за компјутерско програмирање. ‖ јазичен, јазичниот, прид. Јазично прашање. Јазични особености.