јазол
Значење на јазол:
1. Тоа што се добива кога ќе се заврзе или ќе се сплетка јаже, конец, жица и сл. Конецот се врза во јазол. Троен морнарски јазол. Двоен рибарски јазол.
2. Место каде што се вкрстуваат повеќе сообраќајници или се преплетуваат разни линии, делови од сложени градби и системи. Железнички јазол. Сообраќаен јазол. Санитарен јазол.
3. (анат.) Задебелување на некој орган формирано од натрупување на одреден тип клетки. Лимфни јазли. Нервен јазол. Туберкулозни јазли.
Множина: јазли.
Изведени зборови:
- јазле, и. ср. мн. јазлиња , јазленце, мн. јазленца дем.
- јазлиште, и. ср. аугм.
Фразеолошки израз / поговорка:
Гордиев јазол ‒ (книж.) Многу сложен, тешко решлив проблем.
Оригинални податоци:
јазол, мн. јазли м. 1. Тоа што се добива кога ќе се заврзе или ќе се сплетка јаже, конец, жица и сл. Конецот се врза во јазол. Троен морнарски јазол. Двоен рибарски јазол. 2. Место каде што се вкрстуваат повеќе сообраќајници или се преплетуваат разни линии, делови од сложени градби и системи. Железнички јазол. Сообраќаен јазол. Санитарен јазол. 3. (анат.) Задебелување на некој орган формирано од натрупување на одреден тип клетки. Лимфни јазли. Нервен јазол. Туберкулозни јазли. ◊ Гордиев јазол ‒ (книж.) Многу сложен, тешко решлив проблем. ‖ јазле, мн. јазлиња ср., јазленце, мн. јазленца ср. дем. ‖ јазлиште, мн. јазлишта ср. аугм.