јазовец

Именка, машки род

Зоологија.

Значење на јазовец:

Диво животно, сештојад од фамилијата куни, слично на куче, со долги остри влакна, темни и бели по главата, што живее во подземни ходници и дупки; Meles taxus. Најдоа дувло од јазовец. Трага од јазовец.

Множина: јазовци.

Изведени зборови:

  • јазовечки, прид. јазовечкиот

Оригинални податоци:

јазовец, мн. јазовци м. (зоол.) Диво животно, сештојад од фамилијата куни, слично на куче, со долги остри влакна, темни и бели по главата, што живее во подземни ходници и дупки; Meles taxus. Најдоа дувло од јазовец. Трага од јазовец. ‖ јазовечки, јазовечкиот прид.