јурисдикција
Правен термин.
Само во еднина.
Значење на јурисдикција:
1. Судска надлежност, право на судот да решава определени прашања.
2. Област на дејствување, делокруг во кој владее определена световна или црковна институција. Словените тогаш биле под црковна и политичка јурисдикција на Цариград.
Оригинални податоци:
јурисдикција, (само едн.) ж. (прав.) 1. Судска надлежност, право на судот да решава определени прашања. 2. Област на дејствување, делокруг во кој владее определена световна или црковна институција. Словените тогаш биле под црковна и политичка јурисдикција на Цариград.