јурне

Глагол, свршен

Значење на јурне:

1. Почне да јури. Учениците јурнаа надвор. Козите јурнаа кон портата.

2. Тргне во јуриш, нападне. Војската јурна кон непријателот.

Коњугација: јурнаа , јурнав , јурнал , јурнат , јурнете , јурни , (ќе) јурнеа , (ќе) јурнев , (ќе) јурнел.

Изведени зборови:

  • јурнува, глаг. несв. јурнуваат . Крвта му јурнува в глава и тогаш не мисли што прави. Цела група луѓе јурнува кон нив.

Оригинални податоци:

јурне, јурнат; јурни, јурнете; јурнав, јурнаа; јурнал; (ќе) јурнев, (ќе) јурнеа; (ќе) јурнел св. 1. Почне да јури. Учениците јурнаа надвор. Козите јурнаа кон портата. 2. Тргне во јуриш, нападне. Војската јурна кон непријателот. ‖ јурнува, јурнуваат несв.. Крвта му јурнува в глава и тогаш не мисли што прави. Цела група луѓе јурнува кон нив.