кабаре

Именка, среден род

Значење на кабаре:

Кафеана, јавен локал или мал забавен театар во кој се изведува разновидна лесна, забавна програма со музика и игра, во кој се служи пијалак. Без добри, актуелни и свежи хумористично-сатирични скечеви нема квалитетно кабаре.

Множина: кабареа.

Изведени зборови:

  • кабаретски, прид. кабаретскиот Кабаретска пејачка. Кабаретска програма.

Оригинални податоци:

кабаре, мн. кабареа ср. Кафеана, јавен локал или мал забавен театар во кој се изведува разновидна лесна, забавна програма со музика и игра, во кој се служи пијалак. Без добри, актуелни и свежи хумористично-сатирични скечеви нема квалитетно кабаре. ‖ кабаретски, кабаретскиот прид. Кабаретска пејачка. Кабаретска програма.