кабел

Именка, машки род

Значење на кабел:

1. Изолирана жица или жици од бакар или друг метал што служи за пренос на електрична енергија и електрични (телефонски, телеграфски и др.) сигнали; спроводник, вод. Една група работници го прекопуваат тротоарот за поставување телефонски кабли. Подземен кабел.

2. Вид бродско челично јаже.

Множина: кабли.

Изведени зборови:

  • кабелски, прид. кабелскиот ◊ Кабелска телевизија – телевизија што преку специјални кабли дистрибуира програми до определен број претплатници.
  • кабелче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Оптички кабел – кабел за мрежно поврзување на компјутери.

Оригинални податоци:

кабел, мн. кабли м. 1. Изолирана жица или жици од бакар или друг метал што служи за пренос на електрична енергија и електрични (телефонски, телеграфски и др.) сигнали; спроводник, вод. Една група работници го прекопуваат тротоарот за поставување телефонски кабли. Подземен кабел. 2. Вид бродско челично јаже. ◊ Оптички кабел – кабел за мрежно поврзување на компјутери. ‖ кабелче, мн. кабелчиња ср. дем. ‖ кабелски, кабелскиот прид. ◊ Кабелска телевизија – телевизија што преку специјални кабли дистрибуира програми до определен број претплатници.