кабинет
Значење на кабинет:
1. Работна соба; службена просторија, канцеларија. Се плашеше да влезе во својот работен кабинет. На два часа пред ручекот тој влегуваше во својот кабинет. Министерски кабинет.
2. Просторија, посебно опремена за вршење на определена дејност (во научни установи, болници, училишта). Рендгенски кабинет. Кабинет по биологија.
3. Министерски совет, влада. Кабинетот треба да се произнесе за тие економски прашања.
Множина: кабинети.
Оригинални податоци:
кабинет, мн. кабинети м. 1. Работна соба; службена просторија, канцеларија. Се плашеше да влезе во својот работен кабинет. На два часа пред ручекот тој влегуваше во својот кабинет. Министерски кабинет. 2. Просторија, посебно опремена за вршење на определена дејност (во научни установи, болници, училишта). Рендгенски кабинет. Кабинет по биологија. 3. Министерски совет, влада. Кабинетот треба да се произнесе за тие економски прашања.