качи 2
Значење на качи:
1. Дигне некого или нешто, доведе, дотера на повисоко место. Старата облека ја качи на таванот. Го качија на чардакот, само да види до кај е работата. Времето се затопли, овците треба да ги качиме на планина.
2. Смести некого во превозно средство. Одвај го качиле на воз за да го однесат дома. Ја качи во кајчето и завесла.
3. (прен.) Повиши температура, зголеми цена, тежина. Вечерта качи температура. Производителите ја качија цената на тутунот. За кратко време качив три килограми.
Коњугација: качат.
Изведени зборови:
- качување, глаг. им. ср.
- се ~ качи, 1. Стапи, се искачи на повисоко место. Момчето се качи на дрвото и набра една торба јаболка. Утрото се качија на врвот од планината. 2. Јавне. Се качи на коњот и појде кон полето. Тој се качи на неговиот грб и така ја преминаа реката. Се качи на велосипедот и веќе не сакаше да разговара. 3. Влезе во превозно средство. Стигна автобусот и таа се качи во него. 4. Се зголеми, скокне температура, цена, вредност. Температурата на воздухот се качи на 30 степени. Му се качи крвниот притисок. Цените се качија во однос на минатиот месец.
- (се) качува, глаг. несв. (се) качуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Ми (му, и) се качи на глава – многу ми здодеа со нешто, со некое барање.
Оригинални податоци:
качи2, качат св. 1. Дигне некого или нешто, доведе, дотера на повисоко место. Старата облека ја качи на таванот. Го качија на чардакот, само да види до кај е работата. Времето се затопли, овците треба да ги качиме на планина. 2. Смести некого во превозно средство. Одвај го качиле на воз за да го однесат дома. Ја качи во кајчето и завесла. 3. (прен.) Повиши температура, зголеми цена, тежина. Вечерта качи температура. Производителите ја качија цената на тутунот. За кратко време качив три килограми. ● се ~ 1. Стапи, се искачи на повисоко место. Момчето се качи на дрвото и набра една торба јаболка. Утрото се качија на врвот од планината. 2. Јавне. Се качи на коњот и појде кон полето. Тој се качи на неговиот грб и така ја преминаа реката. Се качи на велосипедот и веќе не сакаше да разговара. 3. Влезе во превозно средство. Стигна автобусот и таа се качи во него. 4. Се зголеми, скокне температура, цена, вредност. Температурата на воздухот се качи на 30 степени. Му се качи крвниот притисок. Цените се качија во однос на минатиот месец. ◊ Ми (му, и) се качи на глава – многу ми здодеа со нешто, со некое барање. ‖ (се) качува, (се) качуваат несв. ‖ глаг. им. качување ср.