кадар 1

Именка, машки род

Значење на кадар:

1. Сиот состав, сите лица опфатени во одделна професија, служба, организација; персонал. Наставен кадар. Научни кадри. Партиски кадар.

2. Постојан состав на воена единица (во време на мир).

Множина: кадри.

Изведени зборови:

  • кадровски, прил. Фирмата секоја година кадровски се засилуваше.
  • кадровски, прид. кадровскиот Кадровско решение. Кадровски рок.

Оригинални податоци:

кадар1, мн. кадри м. 1. Сиот состав, сите лица опфатени во одделна професија, служба, организација; персонал. Наставен кадар. Научни кадри. Партиски кадар. 2. Постојан состав на воена единица (во време на мир). ‖ кадровски, кадровскиот прид. Кадровско решение. Кадровски рок. ‖ кадровски прил. Фирмата секоја година кадровски се засилуваше.