каде
Значење на каде:
1. Како прашален збор: а) На кое место. Каде ми се клучевите? б) Во кој правец, во која насока. Каде ќе одиш сега?
2. За означување на неопределеност, некаде. Светлината светеше каде појако, каде послабо.
Фразеолошки израз / поговорка:
До немај каде – премногу, до крајни граници. Каде-годе. Каде (и да) било – сеедно каде. Каде каде – (разг.) израз за потсилување на компаративот. Каде ќе ми (му, ти ...) биде крајот – по некоја необмислена постапка: а што ќе правам после. Нема каде – нема никаков излез. Каде не – секаде. Како каде – понекаде, повремено. Кој каде – секој на своја страна. Од каде (на каде) – за нешто што нема оправдана причина; зошто, врз која основа. Од немај каде – и без да сака.
Оригинални податоци:
каде прил. сп. кај. 1. Како прашален збор: а) На кое место. Каде ми се клучевите? б) Во кој правец, во која насока. Каде ќе одиш сега? 2. За означување на неопределеност, некаде. Светлината светеше каде појако, каде послабо. ◊ До немај каде – премногу, до крајни граници. Каде-годе. Каде (и да) било – сеедно каде. Каде каде – (разг.) израз за потсилување на компаративот. Каде ќе ми (му, ти ...) биде крајот – по некоја необмислена постапка: а што ќе правам после. Нема каде – нема никаков излез. Каде не – секаде. Како каде – понекаде, повремено. Кој каде – секој на своја страна. Од каде (на каде) – за нешто што нема оправдана причина; зошто, врз која основа. Од немај каде – и без да сака.