кае се
Значење на кае се:
Жали поради нешто што го направил или што можел да го направи; жали поради некоја постапка. Веќе се каеше што се јави дома. Се каеше што не седна поблиску до неа.Коњугација: каејќи се , каен , кајан, кај се , кајте се , се каам , се каат , се каев , се каеја , се каел , се кајаа , се кајав , се кајал .
Изведени зборови:
- каење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
кае се, се каам, се каат; кај се, кајте се; се каев, се каеја; се каел; каен; каејќи се; се кајав, се кајаа; се кајал; кајан несв. Жали поради нешто што го направил или што можел да го направи; жали поради некоја постапка. Веќе се каеше што се јави дома. Се каеше што не седна поблиску до неа. ‖ глаг. им. каење ср.