кафе

Именка, среден род

Значење на кафе:

1. (само едн.) (бот.) Растение во вид на грмушка што дава зрнест плод; Coffea.

2. Напивка направена од пржени и смелени зрна на ова растение. Го пиеше кафето и молчеше.

3. (разг.) Кафеана. Тие беа редовни посетители на ова кафе.

Множина: кафиња.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бело кафе – кафе помешано со млеко. Турско кафе – ситно смелено кафе сварено во ѓезве. Нес-кафе – трговска марка на кафе што се раствора со вода, млеко. Гледа на кафе – го гледа минатото и иднината во фигурите што се образуваат по страните на филџанот, по испивање на турско кафе.

Оригинални податоци:

кафе, мн. кафиња ср. 1. (само едн.) (бот.) Растение во вид на грмушка што дава зрнест плод; Coffea. 2. Напивка направена од пржени и смелени зрна на ова растение. Го пиеше кафето и молчеше. 3. (разг.) Кафеана. Тие беа редовни посетители на ова кафе. ◊ Бело кафе – кафе помешано со млеко. Турско кафе – ситно смелено кафе сварено во ѓезве. Нес-кафе – трговска марка на кафе што се раствора со вода, млеко. Гледа на кафе – го гледа минатото и иднината во фигурите што се образуваат по страните на филџанот, по испивање на турско кафе.