како

Прилог

Значење на како:

Општо со значење на прашален прилог, укажува на начинот на вршење на дејството и во каква состојбата се наоѓа некој или нешто.

Фразеолошки израз / поговорка:

Како-годе. Како било – а) на кој било начин, како и да било, сеедно како. б) некако, на некој начин. Било како било – сеедно како, макар и така како што се случило. Како кога – понекогаш, не секогаш. Како каде – понекаде, не секаде. Како сакало било – сеедно како ќе биде, сеедно што ќе се случи. Како (да) не! – 1. секако, се разбира. 2. не е така, не е точно. Уште како! – 1. многу, во полна мера. 2. за истакнување на одлучност: со сигурност, без сомневање.

Оригинални податоци:

како прил. Општо со значење на прашален прилог, укажува на начинот на вршење на дејството и во каква состојбата се наоѓа некој или нешто. 1. а) Во директни прашања. Како сте? Како ви текна? Како да ти кажам? б) Во индиректни прашања. Му покажав како да работи. 2. а) За искажување споредба. Како намислиле така и сториле. б) За опфаќање на два поима, две содржини и сл.; и ... и. Им подели како нему така и на другиот. 3. За изразување на а) чудење или несогласување. Како! Зар не бевте таму? Како да не се лутам? б) можност, веројатност; можеби. Како да сакаше да влезе во дворот. ◊ Како-годе. Како било – а) на кој било начин, како и да било, сеедно како. б) некако, на некој начин. Било како било – сеедно како, макар и така како што се случило. Како кога – понекогаш, не секогаш. Како каде – понекаде, не секаде. Како сакало било – сеедно како ќе биде, сеедно што ќе се случи. Како (да) не! – 1. секако, се разбира. 2. не е така, не е точно. Уште како! – 1. многу, во полна мера. 2. за истакнување на одлучност: со сигурност, без сомневање.