како
Значење на како:
1. штом; кога. Во зависносложени временски реченици. Како ја виде, како ја дочу, така рипна од местото.
2. Во зависносложени односни (релативни) реченици, во сврзувачка функција за да се изрази споредба врз основа на начин, заедно со што. Тој работи како што му кажале тие. Како што ми покажаа, така постапив.
Оригинални податоци:
како сврз. 1. сп. штом; кога. Во зависносложени временски реченици. Како ја виде, како ја дочу, така рипна од местото. 2. Во зависносложени односни (релативни) реченици, во сврзувачка функција за да се изрази споредба врз основа на начин, заедно со што. Тој работи како што му кажале тие. Како што ми покажаа, така постапив.