какол
Ботаника.
Само во еднина.
Значење на какол:
Растение со сино-црвеникави цветови и отровно семе што расте по ливади и ниви; Agrostemma githago. Селанките ја чистеа пченицата од каколот.Фразеолошки израз / поговорка:
Во секоја пченица (жито) има и какол (посл.).
Оригинални податоци:
какол (само едн.) м. (бот.) Растение со сино-црвеникави цветови и отровно семе што расте по ливади и ниви; Agrostemma githago. Селанките ја чистеа пченицата од каколот. ◊ Во секоја пченица (жито) има и какол (посл.).