каков

Заменка

Значење на каков:

1. Заменска придавка со која се искажува прашање за особина, својство, карактеристика на некого или нешто. Каква марка радио имате? Какво е времето, убаво или не? Какви се овие гласови? Ми се земаше здивот при помислата, каков ќе бидеш ти тогаш. Не се знаеја меѓу себе какви се.

2. Во прашални и извични реченици искажува чувства (чудење, одушевување, неодобрување, порекнување и сл.). Каква ноќ! Какво ти училиште! 3. Во односни реченици, во сврзувачка функција често во состав со таков, онаков искажува поврзаност, споредба, релација меѓу особините, својствата на некого или нешто; релативно значење; таков каков што. Пак го покажа на светлоста лицето такво какво што си беше и пред малку. Се навредуваа со такви зборови, какви што во селото не се чуле. Дојдоа селаните и од другите села и купуваа добиток каков што им требаше. 4. Во зависни конструкции во составите: каков било, макар каков. а) Со засилено неопределено значење – некаков, сеедно каков. Така се зароди во него мислата да дојде до макар каква ситница што ѝ припаѓа на девојката. Чекаше од неа одговор, каков било одговор. б) Во состав со честичките годе, да кога се истакнува дека се задржува ставот, судот и сл. и покрај особините на поимот за кој станува збор или независно од нив: сеедно каков, било каков. Какво и да е туѓо е веќе. Нели се дар – какви и да се ќе ги прифатиме.

Множина: какви.

Членувана форма: каквиот.

Алтернативно: каква какво

Фразеолошки израз / поговорка:

Каков било. Макар каков. Каков годе. Каков (и) да е – 1. некаков, сеедно каков. 2. со послаб квалитет, што едвај ги задоволува критериумите на категоријата во која припаѓа. Каков сум, таков сум – не можам да бидам поинаков, таков ми е карактерот. Каков си! – за никаде си, не гледаш каков си. Каков-таков – чии својства, особини едвај задоволуваат; мал, недоволен, некаков.

Оригинални податоци:

каков, каквиот, каква, какво, мн. какви зам. 1. Заменска придавка со која се искажува прашање за особина, својство, карактеристика на некого или нешто. Каква марка радио имате? Какво е времето, убаво или не? Какви се овие гласови? Ми се земаше здивот при помислата, каков ќе бидеш ти тогаш. Не се знаеја меѓу себе какви се. 2. Во прашални и извични реченици искажува чувства (чудење, одушевување, неодобрување, порекнување и сл.). Каква ноќ! Какво ти училиште! 3. Во односни реченици, во сврзувачка функција често во состав со таков, онаков искажува поврзаност, споредба, релација меѓу особините, својствата на некого или нешто; релативно значење; таков каков што. Пак го покажа на светлоста лицето такво какво што си беше и пред малку. Се навредуваа со такви зборови, какви што во селото не се чуле. Дојдоа селаните и од другите села и купуваа добиток каков што им требаше. 4. Во зависни конструкции во составите: каков било, макар каков. а) Со засилено неопределено значење – некаков, сеедно каков. Така се зароди во него мислата да дојде до макар каква ситница што ѝ припаѓа на девојката. Чекаше од неа одговор, каков било одговор. б) Во состав со честичките годе, да кога се истакнува дека се задржува ставот, судот и сл. и покрај особините на поимот за кој станува збор или независно од нив: сеедно каков, било каков. Какво и да е туѓо е веќе. Нели се дар – какви и да се ќе ги прифатиме. ◊ Каков било. Макар каков. Каков годе. Каков (и) да е – 1. некаков, сеедно каков. 2. со послаб квалитет, што едвај ги задоволува критериумите на категоријата во која припаѓа. Каков сум, таков сум – не можам да бидам поинаков, таков ми е карактерот. Каков си! – за никаде си, не гледаш каков си. Каков-таков – чии својства, особини едвај задоволуваат; мал, недоволен, некаков.