кал
Значење на кал:
1. Мека, раскашавена земја. Калта како тесто се лепи за чевлите, натежнува. Нозете и беа покриени со засушена кал. Колата се заглави среде длабоката, црна кал на патот.
2. (арх.) Посебна смеса од земја, вода и слама што се употребува при ѕидање. Порано куќите се мачкаа со кал. Надвор вее ветриште и удира врз ѕидовите плетени, та облепени со кал.
3. Нечистотија. Ушна кал. За да ти заврши некоја работа, ќе ти ја земе и калта под ноктите.
4. (прен.) Беда, мизерија. Луѓето сепак не се толку лоши и тој можеби не ги турка сосема во калта на животот. Мрзеливост, кал и прав беа белези со кои се сродил векот.
Множина: калови.
Членувана форма: калот.
Алтернативно: калта
Изведени зборови:
- калиште, и. ср. аугм.
- калца, и. ж. (само едн.) дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Фрла кал на некого – клевети, навредува некого. Извлекува, крева (некого) од калта – дава помош некому, спасува некого од материјална беда или од морална пропаст, од срамота.
Оригинални податоци:
кал, калот и калта, мн. калови м. и ж. 1. Мека, раскашавена земја. Калта како тесто се лепи за чевлите, натежнува. Нозете и беа покриени со засушена кал. Колата се заглави среде длабоката, црна кал на патот. 2. (арх.) Посебна смеса од земја, вода и слама што се употребува при ѕидање. Порано куќите се мачкаа со кал. Надвор вее ветриште и удира врз ѕидовите плетени, та облепени со кал. 3. Нечистотија. Ушна кал. За да ти заврши некоја работа, ќе ти ја земе и калта под ноктите. 4. (прен.) Беда, мизерија. Луѓето сепак не се толку лоши и тој можеби не ги турка сосема во калта на животот. Мрзеливост, кал и прав беа белези со кои се сродил векот. ‖ калца (само едн.) ж. дем. ‖калиште, мн. калишта ср. аугм. ◊ Фрла кал на некого – клевети, навредува некого. Извлекува, крева (некого) од калта – дава помош некому, спасува некого од материјална беда или од морална пропаст, од срамота.