калап

Именка, машки род

Значење на калап:

1. Посебно изработен предмет со помош на кој се обликува тоа што се произведува, што се изработува или поправа. Чирачето му го донесе дрвениот калап за чевли. Беа празнично облечени, со фесови извадени од калап. Жешката маса се истура во помали и поголеми калапи. Калап за торта.

2. Производ со правоаголна, четвртеста форма добиен со помош на калап. Подај ми го калапот сапун! Еден калап сирење.

3. Збиен и цврсто врзан врзоп од тутун, лисја, сено, трева.

4. (прен.) Модел, шаблон, пример. Таа беше така воспитана и по ист калап ги воспита и своите деца.

5. Определен, затврден ред на правила и норми. Поголемиот дел песни се вклопуваа во калапите на стандардите од нашите фестивали.

Множина: калапи.

Изведени зборови:

  • калапче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

На еден калап вадени – исти, идентични. По калап – неоригинално, на ист начин, еднообразно.

Оригинални податоци:

калап, мн. калапи м. 1. Посебно изработен предмет со помош на кој се обликува тоа што се произведува, што се изработува или поправа. Чирачето му го донесе дрвениот калап за чевли. Беа празнично облечени, со фесови извадени од калап. Жешката маса се истура во помали и поголеми калапи. Калап за торта. 2. Производ со правоаголна, четвртеста форма добиен со помош на калап. Подај ми го калапот сапун! Еден калап сирење. 3. Збиен и цврсто врзан врзоп од тутун, лисја, сено, трева. 4. (прен.) Модел, шаблон, пример. Таа беше така воспитана и по ист калап ги воспита и своите деца. 5. Определен, затврден ред на правила и норми. Поголемиот дел песни се вклопуваа во калапите на стандардите од нашите фестивали. ◊ На еден калап вадени – исти, идентични. По калап – неоригинално, на ист начин, еднообразно. ‖ калапче, мн. калапчиња ср. дем.