калем

Именка, машки род

Значење на калем:

1. Шуплив дрвен, метален и сл. валјак за намотување конец, преѓа, жица и сл.; макара. Свилениот конец го намота на калем. Донесе еден калем бакарна жица.

2. а) Косо пресечено гранче, од сортно растение (овошка, винова лоза, ружа и сл.) што се става под кората на друго растение од иста или сродна сорта за да се добие сортно растение. Се уверија дека од крувчето ништо нема да биде, калемот не се фатил. б) Калемено растение или дрво. Во дворот имаше калеми што сам ги одгледуваше.

3. (арх.) Зашилено перо од трска; молив. Беше убава како со калем пишувана.

Множина: калеми.

Изведени зборови:

  • калемче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Удри му калемот – пресметај.

Оригинални податоци:

калем, мн. калеми м. 1. Шуплив дрвен, метален и сл. валјак за намотување конец, преѓа, жица и сл.; макара. Свилениот конец го намота на калем. Донесе еден калем бакарна жица. 2. а) Косо пресечено гранче, од сортно растение (овошка, винова лоза, ружа и сл.) што се става под кората на друго растение од иста или сродна сорта за да се добие сортно растение. Се уверија дека од крувчето ништо нема да биде, калемот не се фатил. б) Калемено растение или дрво. Во дворот имаше калеми што сам ги одгледуваше. 3. (арх.) Зашилено перо од трска; молив. Беше убава како со калем пишувана. ◊ Удри му калемот – пресметај. ‖ калемче, мн. калемчиња ср. дем.