кали
Значење на кали:
1. Дава на железото, челикот голема тврдост, цврстина, издржливост со негово загревање на висока температура и брзо, нагло ладење во вода.
2. (прен.) Го прави цврст, способен за поднесување на тешкотии; челичи, зајакнува. Строгата дисциплина ја калеше силата на борците.
Коњугација: калат.
Изведени зборови:
- калење, глаг. им. ср.
- се ~ кали, Станува посилен, поотпорен, поиздржлив; се зајакнува, се челичи. Во битки се кали борецот.
Оригинални податоци:
кали, калат несв. 1. Дава на железото, челикот голема тврдост, цврстина, издржливост со негово загревање на висока температура и брзо, нагло ладење во вода. 2. (прен.) Го прави цврст, способен за поднесување на тешкотии; челичи, зајакнува. Строгата дисциплина ја калеше силата на борците. ● се ~ Станува посилен, поотпорен, поиздржлив; се зајакнува, се челичи. Во битки се кали борецот. ‖ глаг. им. калење ср.