калпак
Значење на калпак:
1. (истор.) Вид свечена капа од крзно, опшиена со чоја, свила или кадифе и украсена со перја, златни синџири и сл. (како дел од униформа или народна носија). На црниот калпак му се вие висок пердув.
2. Капа од крзно, шубара. Се чини дека забратките и шамиите се помногубројни од качкетите и калпаците.
Множина: калпаци.
Изведени зборови:
- калпаче, и. ср. дем.
- калпачиште, и. ср. аугм.
Оригинални податоци:
калпак, мн. калпаци м. 1. (истор.) Вид свечена капа од крзно, опшиена со чоја, свила или кадифе и украсена со перја, златни синџири и сл. (како дел од униформа или народна носија). На црниот калпак му се вие висок пердув. 2. Капа од крзно, шубара. Се чини дека забратките и шамиите се помногубројни од качкетите и калпаците. ‖ калпаче, мн. калпачиња ср. дем. ‖ калпачиште, мн. калпачишта ср. аугм.