камен
Значење на камен:
1. (мин.) Тврд минерал што се наоѓа во внатрешноста или по површината на Земјината кора. Вулканот исфрлаше лава и вжештени камења.
2. Одделна карпа или откршен дел од таква маса, помал или поголем, во природна форма или обликуван според потребата. На гол камен се сончаше смок. Тој се сопна на еден камен. Седиште од камен.
3. Градежен материјал од таков минерал. Куќа од камен.
4. Цврст талог во некои внатрешни органи кај човекот. Камен во бубрег. Камен во жолчка.
5. (жарг.) Пари.
Множина: камења, камење.
Изведени зборови:
- камениште, и. ср. аугм.
- каменче, и. ср. мн. каменчиња ; камче, мн. камчиња ; каменче. мн. каменчиња дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Воденички камен – мелнички камен, камено тркало со кое се меле. Граничен камен – камен или камен столб што ја означува границата. Син (модар) камен – (хем.) бакарен сулфат, кој измешан со гасена вар во раствор од вода се користи за прскање на винова лоза. Варџиски камен – варовник. Скапоцен камен (бесценет камен) – редок минерал со голема тврдост, со убава боја и сјај кој има голема вредност и се користи при изработка на накит. Камен темелник – 1. првиот поставен камен на некаква градба. 2. најважен дел од нешто, основа, темел на нешто. Камен на мудроста – 1. средство со кое старите алхемичари се обидувале да ги претворат неметалите и простите метали во сребро и злато и да ја откријат тајната за настанувањето на животот. 2. (прен.) метод за решавање на проблеми, на тешки ситуации. Пробен камен – начин или постапка врз чија основа можат да се оценат или откријат својствата на некого или нешто. Фрла дрва и камења (по некого) – клевети, осудува некого. Бара под дрво и под камен – бара насекаде. Камен на камен не остана – сè е урнато. Како на камен да зборува – зборува напразно. Камен ми (ти, му...) тежи на срце (душа) – имам голема грижа, мака. Ми (ти, му...) падне камен од срце (душа). Симне камен од врат – ми (ти, му...) олесни, се ослободи од грижа. Со свој камен по своја глава – сам се доведува во незгода. Пука дрво и камен – многу е ладно, стегне голем студ. Камен на сопнување – главна тешкотија за остварување на нешто. Забен камен – стврдната материја на забите. Ако те удри некој со камен ти удри го со леб – според Библијата, на злото врати со добро. Два камена лути не мелат брашно. (посл.) – двајца со остри карактера тешко се согласуваат. Каменот на местото си тежи. (посл.) – секој човек вреди на своето место.
Оригинални податоци:
камен, мн. камења, зб. мн. камење м. 1. (мин.) Тврд минерал што се наоѓа во внатрешноста или по површината на Земјината кора. Вулканот исфрлаше лава и вжештени камења. 2. Одделна карпа или откршен дел од таква маса, помал или поголем, во природна форма или обликуван според потребата. На гол камен се сончаше смок. Тој се сопна на еден камен. Седиште од камен. 3. Градежен материјал од таков минерал. Куќа од камен. 4. Цврст талог во некои внатрешни органи кај човекот. Камен во бубрег. Камен во жолчка. 5. (жарг.) Пари. ◊ Воденички камен – мелнички камен, камено тркало со кое се меле. Граничен камен – камен или камен столб што ја означува границата. Син (модар) камен – (хем.) бакарен сулфат, кој измешан со гасена вар во раствор од вода се користи за прскање на винова лоза. Варџиски камен – варовник. Скапоцен камен (бесценет камен) – редок минерал со голема тврдост, со убава боја и сјај кој има голема вредност и се користи при изработка на накит. Камен темелник – 1. првиот поставен камен на некаква градба. 2. најважен дел од нешто, основа, темел на нешто. Камен на мудроста – 1. средство со кое старите алхемичари се обидувале да ги претворат неметалите и простите метали во сребро и злато и да ја откријат тајната за настанувањето на животот. 2. (прен.) метод за решавање на проблеми, на тешки ситуации. Пробен камен – начин или постапка врз чија основа можат да се оценат или откријат својствата на некого или нешто. Фрла дрва и камења (по некого) – клевети, осудува некого. Бара под дрво и под камен – бара насекаде. Камен на камен не остана – сè е урнато. Како на камен да зборува – зборува напразно. Камен ми (ти, му...) тежи на срце (душа) – имам голема грижа, мака. Ми (ти, му...) падне камен од срце (душа). Симне камен од врат – ми (ти, му...) олесни, се ослободи од грижа. Со свој камен по своја глава – сам се доведува во незгода. Пука дрво и камен – многу е ладно, стегне голем студ. Камен на сопнување – главна тешкотија за остварување на нешто. Забен камен – стврдната материја на забите. Ако те удри некој со камен ти удри го со леб – според Библијата, на злото врати со добро. Два камена лути не мелат брашно. (посл.) – двајца со остри карактера тешко се согласуваат. Каменот на местото си тежи. (посл.) – секој човек вреди на своето место. ‖ каменче, мн. каменчиња ср.; камче, мн. камчиња ср.; каменче. мн. каменчиња ср. дем. ‖ камениште, мн. каменишта ср. аугм.