канал
Значење на канал:
1. Ископ по кој тече вода за наводнување или за одвод на дождовни и отпадни води.
2. (геог.) а) Морски премин меѓу две копна. Босфорскиот Канал ја дели Европа од Азија. б) Долг, широк и длабок ископ за поврзување на две реки или мориња. Панамски Канал. Суецки Канал.
3. Затворен, подземен ископ (изѕидан или во кој се сместени големи цевки) за снабдување на градот со вода, за довод на нафта, гас и сл.
4. Ископ за поставување кабли, жици и сл. Ископа еден канал во кој поставија жица за електрика.
5. Вдлабнатина во површината на метален дел.
6. (елек.) Одредена фрекфенција на ултракратки бранови. Телевизиски канал. Гледачите можат да ја избираат програмата на повеќе канали.
7. (биол.) Долгнавеста, цевчеста шуплина во организмот низ која минуваат или во која се наоѓаат одредени материи. Жолчен канал.
8. (прен.) Пат, врска, начин на кој (обично тајно) нешто се соопштува, се дознава, се постигнува и сл. Тој беше донесен по тајни канали. Во мај тој замина по канал за Софија.
Множина: канали.
Изведени зборови:
- каналски, прид. каналскиот
- каналче, и. ср.
Оригинални податоци:
канал, мн. канали м. 1. Ископ по кој тече вода за наводнување или за одвод на дождовни и отпадни води. 2. (геог.) а) Морски премин меѓу две копна. Босфорскиот Канал ја дели Европа од Азија. б) Долг, широк и длабок ископ за поврзување на две реки или мориња. Панамски Канал. Суецки Канал. 3. Затворен, подземен ископ (изѕидан или во кој се сместени големи цевки) за снабдување на градот со вода, за довод на нафта, гас и сл. 4. Ископ за поставување кабли, жици и сл. Ископа еден канал во кој поставија жица за електрика. 5. Вдлабнатина во површината на метален дел. 6. (елек.) Одредена фрекфенција на ултракратки бранови. Телевизиски канал. Гледачите можат да ја избираат програмата на повеќе канали. 7. (биол.) Долгнавеста, цевчеста шуплина во организмот низ која минуваат или во која се наоѓаат одредени материи. Жолчен канал. 8. (прен.) Пат, врска, начин на кој (обично тајно) нешто се соопштува, се дознава, се постигнува и сл. Тој беше донесен по тајни канали. Во мај тој замина по канал за Софија. ‖ каналче, мн. каналчиња ср. ‖ каналски, каналскиот прид.