канцеларија

Именка, женски род

Значење на канцеларија:

1. а) Јавна или приватна службена просторија, каде што се извршуваат административни и слични работи; биро, уред. Во канцелариите наеднаш стана мошне живо. Наставничка канцеларија. Канцеларија за извештаи и рапорти. Адвокатска канцеларија. б) Персоналот што работи во такво биро, администрација. Имаа чести преписки со неговата канцеларија.

2. а) Седиште на некоја, обично локална управа, власт, организација и сл. Од канцеларијата за врски ја потврдија информацијата. б) Орган на таква управа, власт. Таму ќе отвориме огранок на месна канцеларија и ќе ни треба човек за таму.

Множина: канцеларии.

Изведени зборови:

  • канцелариичка, и. ж. дем.

Оригинални податоци:

канцеларија, мн. канцеларии ж. 1. а) Јавна или приватна службена просторија, каде што се извршуваат административни и слични работи; биро, уред. Во канцелариите наеднаш стана мошне живо. Наставничка канцеларија. Канцеларија за извештаи и рапорти. Адвокатска канцеларија. б) Персоналот што работи во такво биро, администрација. Имаа чести преписки со неговата канцеларија. 2. а) Седиште на некоја, обично локална управа, власт, организација и сл. Од канцеларијата за врски ја потврдија информацијата. б) Орган на таква управа, власт. Таму ќе отвориме огранок на месна канцеларија и ќе ни треба човек за таму. ‖ канцелариичка, мн. канцелариички ж. дем.