кандидат

Именка, машки род

Значење на кандидат:

1. Тој што конкурира; тој што ги исполнува условите пропишани за некоја служба, звање и сл. На конкурсот во училиштето се јавија голем број кандидати. Таа година тој беше единствениот кандидат за академик.

2. (пол.) Тој што се избира или е предложен да биде избран во составот на некое општествено или политичко тело, организација и сл. Пратенички кандидат.

3. Ученик или студент што полага некаков испит. На приемниот испит се јавија голем број кандидати.

4. Тој што има намера да се ожени/омажи за некого. Во младоста таа имаше голем број кандидати, но сепак остана немажена.

Множина: кандидати.

Изведени зборови:

  • кандидатка, и. ж.
  • кандидатски, прид. кандидатскиот Кандидатска листа.

Оригинални податоци:

кандидат, мн. кандидати м. 1. Тој што конкурира; тој што ги исполнува условите пропишани за некоја служба, звање и сл. На конкурсот во училиштето се јавија голем број кандидати. Таа година тој беше единствениот кандидат за академик. 2. (пол.) Тој што се избира или е предложен да биде избран во составот на некое општествено или политичко тело, организација и сл. Пратенички кандидат. 3. Ученик или студент што полага некаков испит. На приемниот испит се јавија голем број кандидати. 4. Тој што има намера да се ожени/омажи за некого. Во младоста таа имаше голем број кандидати, но сепак остана немажена. ‖ кандидатка, мн. кандидатки ж. ‖ кандидатски, кандидатскиот прид. Кандидатска листа.