кандиса

Глагол, свршен

Значење на кандиса:

1. Даде согласност за нешто, се согласи. Ама сега е прашање дали тој ќе кандиса на оваа работа.

2. Изнуди согласност, наговори некого на нешто. Одвај го кандисале да се врати дома.

Конјугација: кандисаат.

Изведени зборови:

  • кандисување, глаг. им. ср.
  • се ~ кандиса, сп. кандиса 1.
  • (се) кандисува, глаг. несв. (се ) кандисуваат

Оригинални податоци:

кандиса, кандисаат св. 1. Даде согласност за нешто, се согласи. Ама сега е прашање дали тој ќе кандиса на оваа работа. 2. Изнуди согласност, наговори некого на нешто. Одвај го кандисале да се врати дома. ● се ~ сп. кандиса 1. ‖ (се) кандисува, (се ) кандисуваат несв. ‖ глаг. им. кандисување ср.