канџа
Значење на канџа:
1. Кука со долга дрвена рачка за закачување и влечење разни предмети.
2. а) Долг, свиткан и остар нокт на прстите на многу птици и животни; долг, свиткан нокт; прст воопшто. Од другата страна на вратата слушнав како гребеа канџите на птицата. Мечката го зграпчи со канџите. Ноктите на нозете му беа како орлови канџи. б) (прен.) 3. Резе на врата во вид на канџа, кука. Се поврати да ја стави железната канџа на вратата. Тоа утро канџите од портата сè уште не беа дигнати.
Множина: канџи.
Фразеолошки израз / поговорка:
Е (падне) во нечии канџи – е под нечија немилосрдна власт.
Оригинални податоци:
канџа, мн. канџи ж. 1. Кука со долга дрвена рачка за закачување и влечење разни предмети. 2. а) Долг, свиткан и остар нокт на прстите на многу птици и животни; долг, свиткан нокт; прст воопшто. Од другата страна на вратата слушнав како гребеа канџите на птицата. Мечката го зграпчи со канџите. Ноктите на нозете му беа како орлови канџи. б) (прен.) 3. Резе на врата во вид на канџа, кука. Се поврати да ја стави железната канџа на вратата. Тоа утро канџите од портата сè уште не беа дигнати. ◊ Е (падне) во нечии канџи – е под нечија немилосрдна власт.