канон

Именка, машки род

Значење на канон:

1. (црков.) а) Утврдено правило, закон донесен од највисоката црковна власт во христијанската религија. Црковни канони. б) Попис на религиозни списи прифатени од црквата како свети книги. в) Псалм определен за пеење во чест на празник или светец; молитва.

2. (прен.) Збир на правила, норма, принцип во некој уметнички правец, творештво, учење и сл.

3. (муз.) Верижно пеење во хор, во кое мелодијата на водечкиот глас ја прифаќаат и другите гласови, повторувајќи ја во определени периоди.

4. (муз.) Стар жичен музички инструмент.

Множина: канони.

Изведени зборови:

  • канонски, прид. канонскиот Канонски книги. Канонско право.

Оригинални податоци:

канон, мн. канони м. 1. (црков.) а) Утврдено правило, закон донесен од највисоката црковна власт во христијанската религија. Црковни канони. б) Попис на религиозни списи прифатени од црквата како свети книги. в) Псалм определен за пеење во чест на празник или светец; молитва. 2. (прен.) Збир на правила, норма, принцип во некој уметнички правец, творештво, учење и сл. 3. (муз.) Верижно пеење во хор, во кое мелодијата на водечкиот глас ја прифаќаат и другите гласови, повторувајќи ја во определени периоди. 4. (муз.) Стар жичен музички инструмент. ‖ канонски, канонскиот прид. Канонски книги. Канонско право.