капа

Именка, женски род

Значење на капа:

1. Дел од облеката што ја покрива главата, со различна форма и големина, без раб или со стреа, штитник над челото. Крзнена капа. Капа со штитник. Морнарска капа. Војничка капа. Службена капа.

2. (прен.) Тоа што го покрива врвот на нешто, што се наоѓа над нешто, одозгора. Тука и планините имаат бели капи. Ветрот ги развеваше белите капи на сувите млечки.

Множина: капи.

Изведени зборови:

  • капичка, и. ж. мн. капички ; капче, мн. капчиња ср. дем. и хип.
  • капиште, и. ср. аугм. и пејор.

Фразеолошки израз / поговорка:

Небеска капа – небесен свод, небо. Има мува на капата – има некаква вина, грев. Му (с)крои капа некому – одлучи, одлучува за некого без негово знаење, согласност. Накриви капа! – биди без грижа! Ги (по)меша капите – започне борба. Полна капа – доволно, премногу. Симне капа – 1. поздрави некого; 2. даде, дава признание некому. Каква глава, таква капа – секој според себе го добива тоа што го заслужил. Му даде по капата – прекори, искара, казни некого. При двајца татковци, детето останува без капа (посл.).

Оригинални податоци:

капа, мн. капи ж. 1. Дел од облеката што ја покрива главата, со различна форма и големина, без раб или со стреа, штитник над челото. Крзнена капа. Капа со штитник. Морнарска капа. Војничка капа. Службена капа. 2. (прен.) Тоа што го покрива врвот на нешто, што се наоѓа над нешто, одозгора. Тука и планините имаат бели капи. Ветрот ги развеваше белите капи на сувите млечки. ◊ Небеска капа – небесен свод, небо. Има мува на капата – има некаква вина, грев. Му (с)крои капа некому – одлучи, одлучува за некого без негово знаење, согласност. Накриви капа! – биди без грижа! Ги (по)меша капите – започне борба. Полна капа – доволно, премногу. Симне капа – 1. поздрави некого; 2. даде, дава признание некому. Каква глава, таква капа – секој според себе го добива тоа што го заслужил. Му даде по капата – прекори, искара, казни некого. При двајца татковци, детето останува без капа (посл.). ‖ капичка, мн. капички ж.; капче, мн. капчиња ср. дем. и хип. ‖ капиште, мн. капишта ср. аугм. и пејор.