капаче
Значење на капаче:
1. Дем. од капак. Го заврти капачето на шишето. Капаче на пенкало.
2. (мед.) Мала коска, со срцевидна форма, напред на коленото кај човекот. Коленово капаче.
Множина: капачиња.
Фразеолошки израз / поговорка:
На секое грне и капаче – (ирон.) на сè има одговор, има одговор за сè. Се растркалало грнето, си го нашло капачето – си најде сличен, слична на себе (обично во негативна смисла). Тие се како грне и капаче – многу се блиски, неразделни се.
Оригинални податоци:
капаче, мн. капачиња ср. 1. Дем. од капак. Го заврти капачето на шишето. Капаче на пенкало. 2. (мед.) Мала коска, со срцевидна форма, напред на коленото кај човекот. Коленово капаче. ◊ На секое грне и капаче – (ирон.) на сè има одговор, има одговор за сè. Се растркалало грнето, си го нашло капачето – си најде сличен, слична на себе (обично во негативна смисла). Тие се како грне и капаче – многу се блиски, неразделни се.