капацитет

Именка, машки род

Значење на капацитет:

1. а) Способност да се прими или да се задржи, да се чува одредена количина на нешто. б) Големина на просторот што ја зазема некое тело; зафатнина, волумен. Капацитет на резервоар.

2. Способност нешто да се направи, да се оствари; сила, моќ, јачина (на поединец, на институција, фабрика и сл.). Машинското одделение работи со полн капацитет. Филмот, телевизијата и радиото се потпираат врз режисерскиот и актерскиот капацитет на македонските театри.

3. (физ.) Способност на некое тело во себе да собира, да прима, електрицитет, топлина, влага и сл. Топлотниот капацитет е определен со производот помеѓу тежината на почвата и специфичната топлина.

4. Објекти за производство (погони, фабрики, комбинати и сл.). Индустриски капацитети.

5. (прен.) Човек со големи способности и големо знаење за дадена област, стручњак. Тој е голем капацитет во областа на физиката.

Множина: капацитети.

Оригинални податоци:

капацитет, мн. капацитети м. 1. а) Способност да се прими или да се задржи, да се чува одредена количина на нешто. б) Големина на просторот што ја зазема некое тело; зафатнина, волумен. Капацитет на резервоар. 2. Способност нешто да се направи, да се оствари; сила, моќ, јачина (на поединец, на институција, фабрика и сл.). Машинското одделение работи со полн капацитет. Филмот, телевизијата и радиото се потпираат врз режисерскиот и актерскиот капацитет на македонските театри. 3. (физ.) Способност на некое тело во себе да собира, да прима, електрицитет, топлина, влага и сл. Топлотниот капацитет е определен со производот помеѓу тежината на почвата и специфичната топлина. 4. Објекти за производство (погони, фабрики, комбинати и сл.). Индустриски капацитети. 5. (прен.) Човек со големи способности и големо знаење за дадена област, стручњак. Тој е голем капацитет во областа на физиката.