капак
Значење на капак:
1. Предмет, направа со која се затвора некаков сад, поклопка. Го кренав капакот од тенџерето. Не можеше да го отвори капакот на теглата.
2. Секој предмет, направа што служи за покривање, за затворање на некаков отвор. Појде до шкафот и откако го отвори капакот, почна да буричка. Капакот на сандачето е отворен. Со раката го галеше сребрениот капак на часовникот.
3. Дрвено или метално крило на прозорец или врата што може да се отвора и затвора. Се стрча кон прозорецот за да провери дали се капаците добро затворени. Капакот од прозорецот се отворал пополека, зашто бил 'рѓосан.
4. (анат.) Подвижен, кожен набор што го затвора окото. Очните капаци му останаа полуотворени.
5. Свиткан дел на ракав од кошула, на панталони и сл.; манжетна.
6. (прен.) Крај на нешто. Тој се обидуваше да стави капак на таа работа. Како капак на сето тоа дојде и писмото што не го очекуваа.
Множина: капаци.
Изведени зборови:
- капаче, и. ср. дем. и хип.
- капачиште, и. ср. аугм. и пејор.
Оригинални податоци:
капак, мн. капаци м. 1. Предмет, направа со која се затвора некаков сад, поклопка. Го кренав капакот од тенџерето. Не можеше да го отвори капакот на теглата. 2. Секој предмет, направа што служи за покривање, за затворање на некаков отвор. Појде до шкафот и откако го отвори капакот, почна да буричка. Капакот на сандачето е отворен. Со раката го галеше сребрениот капак на часовникот. 3. Дрвено или метално крило на прозорец или врата што може да се отвора и затвора. Се стрча кон прозорецот за да провери дали се капаците добро затворени. Капакот од прозорецот се отворал пополека, зашто бил 'рѓосан. 4. (анат.) Подвижен, кожен набор што го затвора окото. Очните капаци му останаа полуотворени. 5. Свиткан дел на ракав од кошула, на панталони и сл.; манжетна. 6. (прен.) Крај на нешто. Тој се обидуваше да стави капак на таа работа. Како капак на сето тоа дојде и писмото што не го очекуваа. ‖ капаче, мн. капачиња ср. дем. и хип. ‖ капачиште, мн. капачишта ср. аугм. и пејор.