капе 1

Глагол, несвршен

Значење на капе:

Мие, отстранува нечистотија од телото, бања. Мајката го капеше детето.

Конјугација: капаа , капав , капал , капан, капат , капеа , капев , капејќи , капел , капен , капете , капи .

Изведени зборови:

  • капење1, глаг. им. ср.
  • се ~ капе, 1. Се бања. Децата се капеа секоја недела. 2. Плива. Лете, понекогаш се капеа во реката. Јас во река сум се капел, а во море не.

Оригинални податоци:

капе1, капат; капи, капете; капев, капеа; капел; капен; капејќи; капав, капаа; капал; капан несв. Мие, отстранува нечистотија од телото, бања. Мајката го капеше детето. ● се ~ 1. Се бања. Децата се капеа секоја недела. 2. Плива. Лете, понекогаш се капеа во реката. Јас во река сум се капел, а во море не. ‖ глаг. им. капење1 ср.