капе 2

Глагол, несвршен

Значење на капе:

1. Паѓа капка по капка. Солзите ѝ капеа низ образите. На раката му капеше вода. Жолтеникава смола капеше од грубите кори на стеблата. Жетварите беа расоблечени и пот им капеше од лицето. Од носот му капеше крв.

2. Прокиснува, пропушта вода. И дење и ноќе капеше од таванот. Се слушаше како под прозорците стреите капат.

3. (прен.) За лисје, цвет, плод на дрво – паѓа. Плодовите капат изгорени и суви. Над неа капеа гранките од јаболкниците. Лисјата на дрвјата капеа.

4. (прен.) За пари, добивка – пристигнува по малку, но постојано. Од различни страни капе по некоја пара.

5. (прен.) а) Работи без прекин, се мачи; капне 2. Тој цела година капе по полето со сето семејство. б) Се преморува, ослабнува физички; капне 2. Многу сум уморен, капам за спиење.

Коњугација: капаа , капав , капал , капан, капат , капеа , капев , капејќи , капел , капен , капете , капи .

Изведени зборови:

  • капење2, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ако не врне, капе – в. капне.

Оригинални податоци:

капе2, капат; капи, капете; капев, капеа; капел; капен; капејќи; капав, капаа; капал; капан несв. 1. Паѓа капка по капка. Солзите ѝ капеа низ образите. На раката му капеше вода. Жолтеникава смола капеше од грубите кори на стеблата. Жетварите беа расоблечени и пот им капеше од лицето. Од носот му капеше крв. 2. Прокиснува, пропушта вода. И дење и ноќе капеше од таванот. Се слушаше како под прозорците стреите капат. 3. (прен.) За лисје, цвет, плод на дрво – паѓа. Плодовите капат изгорени и суви. Над неа капеа гранките од јаболкниците. Лисјата на дрвјата капеа. 4. (прен.) За пари, добивка – пристигнува по малку, но постојано. Од различни страни капе по некоја пара. 5. (прен.) а) Работи без прекин, се мачи; сп. капне 2. Тој цела година капе по полето со сето семејство. б) Се преморува, ослабнува физички; сп. капне 2. Многу сум уморен, капам за спиење. ◊ Ако не врне, капе – в. капне. ‖ глаг. им. капење2 ср.