капина

Именка, женски род

Ботаника.

Значење на капина:

1. Грмушка со долги трнливи гранки во вид на ластари, со срцести, назабени листови, со мали бели или розови цветови и ситни, тркалезни и сочни зрнести плодови со сјајна црна боја; Rubus fructicosus. Целиот сум избоцкан од капините. Нема ветар да зашумка во капињето.

2. Плод од тоа растение. Набравме полна чинија капини. Сок од капини.

Множина: капини, капиње.

Оригинални податоци:

капина, мн. капини, зб. мн. капиње ж. (бот.) 1. Грмушка со долги трнливи гранки во вид на ластари, со срцести, назабени листови, со мали бели или розови цветови и ситни, тркалезни и сочни зрнести плодови со сјајна црна боја; Rubus fructicosus. Целиот сум избоцкан од капините. Нема ветар да зашумка во капињето. 2. Плод од тоа растение. Набравме полна чинија капини. Сок од капини.