капитал

Именка, машки род

Значење на капитал:

1. (екон.) Средства (пари и друга сопственост) што се вложуваат во производството за да носат добивка.

2. Голема сума пари, вредности што се имаат. Натрупа голем капитал.

3. (прен.) Тоа што претставува вредност да се има. Довербата е мојот капитал.

Множина: капитали.

Фразеолошки израз / поговорка:

Мртов капитал – неискористен капитал, капитал што не носи заработка. Прави капитал – користи нешто во своја полза. Финансиски капитал – здружен индустриски и банкарски капитал.

Оригинални податоци:

капитал, мн. капитали м. 1. (екон.) Средства (пари и друга сопственост) што се вложуваат во производството за да носат добивка. 2. Голема сума пари, вредности што се имаат. Натрупа голем капитал. 3. (прен.) Тоа што претставува вредност да се има. Довербата е мојот капитал. ◊ Мртов капитал – неискористен капитал, капитал што не носи заработка. Прави капитал – користи нешто во своја полза. Финансиски капитал – здружен индустриски и банкарски капитал.