капитален

Придавка

Значење на капитален:

1. Многу важен, основен, главен. Капитално значење. Капитално дело.

2. Што е од општо, големо значење за земјата; што се однесува на основните, обично големи, средства (за изградба на нешто). Капитални градби. Капитални вложувања, инвестиции.

Членувана форма: капиталниот.

Оригинални податоци:

капитален, капиталниот прид. 1. Многу важен, основен, главен. Капитално значење. Капитално дело. 2. Што е од општо, големо значење за земјата; што се однесува на основните, обично големи, средства (за изградба на нешто). Капитални градби. Капитални вложувања, инвестиции.