капка
Значење на капка:
1. Многу мал дел од течност што при слободно паѓање има тркалезна форма. Челото и беше оросено со големи капки пот. Дождовни капки. Капка роса.
2. (обично во мн.) Лек што се прима во вид на капки; мера за примање на течни лекарства. Му стави три капки во окото.
3. а) Многу мала количина од течност. Две недели капка в уста не стави за да биде трезен. Не можеше да лизне ни капка, поради она несреќно опивање од кое сè уште ѝ беше тешко. б) (прен.) Многу мал дел од нешто. Немаше во песната ни раска надеж, ни капка радост. Во неговите очи немаше ни капка злоба.
4. Извор, кладенец каде што водата извира малку по малку.
5. Дамка на ткаенина. На кошулата имаше капки крв.
Множина: капки.
Изведени зборови:
- капкичка, и. ж. мн. капкички ; капче2 , мн. капчиња дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Млад како капка – убав, млад. Ни капка – ни најмалку, ништо. Капка по капка – малку по малку, пополека. Без капка крв – без борба. До (последна) капка – до крај, потполно. Чува (гледа) како капка вода на дланка – грижливо чува, негува.
Оригинални податоци:
капка, мн. капки ж. 1. Многу мал дел од течност што при слободно паѓање има тркалезна форма. Челото и беше оросено со големи капки пот. Дождовни капки. Капка роса. 2. (обично во мн.) Лек што се прима во вид на капки; мера за примање на течни лекарства. Му стави три капки во окото. 3. а) Многу мала количина од течност. Две недели капка в уста не стави за да биде трезен. Не можеше да лизне ни капка, поради она несреќно опивање од кое сè уште ѝ беше тешко. б) (прен.) Многу мал дел од нешто. Немаше во песната ни раска надеж, ни капка радост. Во неговите очи немаше ни капка злоба. 4. Извор, кладенец каде што водата извира малку по малку. 5. Дамка на ткаенина. На кошулата имаше капки крв. ◊ Млад како капка – убав, млад. Ни капка – ни најмалку, ништо. Капка по капка – малку по малку, пополека. Без капка крв – без борба. До (последна) капка – до крај, потполно. Чува (гледа) како капка вода на дланка – грижливо чува, негува. ‖ капкичка, мн. капкички ж.; капче2 , мн. капчиња дем.